Што се гради среде Клинички Центар? Денеска читатели на Република испратија фотографии од дворот на Клиничкиот центар каде се гледа поставување на објект помеѓу зградите на Интерна клиника и Хирургија.
-Се поставува нешто што наликува на некаква пиљара. Нема никакво обележување околу објектот за да се знае кој ги изведува работите, има ли дозвола, што ќе биде објектот и кога ќе биде готов – велат граѓаните кои се обартија до нашата редакција.
Има ли дозвола за изградба на ваков објект? Каква е намената на оваа градба среде паркот на Клиника? Има ли ново незаконско дејствие? Овие прашања треба да ги одговори надлежниот министер за здравство Венко Филипче.
Револтот кај граѓаните кон Филипче е огромен. На почетокот на септември изгоре модуларната болница во Тетово и загинаа 14 лица. Деновиве стигна информација за прокиснување и на модуларната во близина на Инфективната клиника во Скопје. Противпожарниот систем на клиниките на хирургија е прекинат… Има ли некаков ред, има ли некаква одговорност?!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.