Законскиот застапник на оштетеното семејство Тричковски, Дафинка Ивановска во завршен збор му порача на судот дека имаат обврска и кон семејството на убиениот Кире Тричковски, но и кон целата јавност да дадат одговор што се случило на 12 април 2012 година.
Цели три години се одржуваа рочишта, се слушаа бомби кои беа меѓу преовладувачките причини за укинување на пресудата, но по преслушување на бомбите не се утврдија некои факти, освен што се одржаа многу рочишта и се одзеде многу време за да се донесе пресуда, рече Ивановска.
Во однос на повиците и барањата за меѓународна поддршка во случајот, адвокатката Ивановска, порача дека треба да се направи таков притисок и за меѓународа поддршка и екстрадиција на двајцата обвинети од Косово.
Зошто така не се побара меѓународна поддршка и помош за екстрадирање на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово, порача Ивановска.
На минатото рочиште во завршен збор, обвинителката Фатиме Фетаи, побара максимални казни за обвинетите Халил Демири и браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, обвинети за кривичното дело „тероризам”, односно директно извршување на петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. За обвинетиот Фејзи Азири, пак, обвинителката Фетаи побара од Судот тој да биде прогласен за виновен за две кривични дела помагање на сторител во извршено кривично. За исти кривични дела, како Фејзи Азири, обвинет е и Хаки Азири. Во недостиг на докази дека го извршил кривичното дело „тероризам” од обвинение е ослободен Сами Лута.
Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.