Судењето за случајот „Монструм“ ќе започне од почеток поради истата причина поради која судењето за „ТНТ“ наводно мора да заврши до вторник – возраста на една од поротничките. Откако една од поротничките во судечкиот совет кој го суди овој случај ќе замине во пензија, на 25 декември 2019 година, процесот по автоматизам ќе започне одново со нов судечки совет.
Претседателот на судечкиот совет судијата Огнен Ставрев со истиот судечки совет го води и случајот „ТНТ“ за уривањето на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски.
Токму рочиштата за „ТНТ“ се во фокусот на јавноста поради зачестеноста на сметка на судењата за „Монструм“ и други случаи, кои се откажувааат за да се одржи судење за „ТНТ“, но и поради последните маратонските рочишта, кои траат и повеќе од 12 часа.
Се шпекулира дека Ставрев е решен по секоја цена да го заврши судењето за уривањето на дивоградбата на Фијат Цаноски, коалициониот партнер на Заев, пред да се пензионира поротничката од судечкиот совет, па затоа гледа по секоја цена да има пресуда до 24 декември.
Дури и единственото рочиште за случајот „Монструм“ за декември беше откажано откако Ставрев закажа вонредно рочиште за ТНТ. Овој вонреден интерес на Ставрев за ТНТ им оди во прилог на шпекалуциите дека на Ставрев му е многу поважен објектот на Фијат Цаноски и оштетата за струшкиот бизнисмен отколку вистината за Монструм.
Зад оваа жива заинтересираност на Ставрев за дивоградбата на Цаноски наводно стојат две причини.
Претседателот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев, важи за партиски судија на СДСМ во Кривичниот суд, а според упатени лица освен партискиот мотив има уште два други мотиви.
Едниот е унапредување кое Ставрев треба да го добие веднаш по завршување на процесот ТНТ, и тоа унапредување во Апелацискиот суд.
За вториот мотив се шпекулира дека станува збор за ветување на бизнисменот Фијат Цаноски, кој побарува 40 милиони евра отштета од државата. Наводно Цаноски им ветил на повеќемина дека дел од добиените средства од обештетувањето братски ќе ги поделат. Но, за Цаноски да ги добие парите за „братска делба“, Ставрев треба да го одработи своето, односно да ги осуди обвинетите за бесправно уривање на дивоградбата на Цаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.