Што ќе им се вакцини на пратениците кога заклучивме дека може одговорно и херојски да се движат каде ќе посакаат со скафандери и Брза помош, прашува пратеникот Ивор Мицковски по минатонеделниот скандал кога двајца заболени пратеници од владината коалиција дојдоа во Собрание да присуствуваат на седница.

Пратениците ќе се вакцинираат денеска во салата „Борис Трајковски“. Според Министерството за здравство, вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на Законодавниот дом и непречено носење закони во интерес на граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.