Шпекулациите не можат да бидат причина да се преброиме, туку некој сака да прати психолошка порака – посочи Халил Снопче од Алијанса на Албанците во денешното издание на Топ Тема, зборувајќи за денешното гласање во Собранието, кога на дневен ред беше ставена довербата на Владата, по барање на премиерот Зоран Заев.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, смета дека ова е превоспитување на мнозинството откако ДС и ЛДП најавија дека ќе делуваат надвор од владејачкото мнозинство.
-Заев денеска направи превоспитување на мнозинството кое не му овозможуваше да свика седници. Денеска конечно се собра мнозинството и Заев купи време. Тоа што парламентарното мнозинсто не може да обезбеди кворум е затоа што пратениците од помалите партии не сакаат да се поистоветат со поразите на Зоран Заев што ги има на сите полиња – вели Лефков.
Тој додаде дека еден месец нема седници и првиот ден кога е направено мнозинството, наместо битни закони се гласа доверба на Владата. Според него не може да се обвинува опозицијата затоа што владеачкото мнозинство не може да се собере и да има седници.
–
Ние немаме вакцини во државата. Не го искористивме денот за тоа. Немаше потреба да се гласа за доверба на Заев. Владеачкото мнозинство не можеше да се собере и сега по цел месец кога едвај се собраа Зоран Заев побара гласање за недоверба. И што направи го покри новото задолжување од 700 милиони евра, нова еврообврзница, потоа колку задолжувања има и во собраниска процедура, Закон за енергетска ефикасност задолжување од над 20 милиони евра задолжување, за задолжување за реформа во основно образование 21 милион, за автобусите 70 милиони и многу други, и сето тоа пред локални избори. Што мисли власта дека со гласање за доверба ќе се покрие тоа што нема вакцини, мислите ќе го покриете катастрофалниот попис“, рече Лефков.
И самиот Зоран Заев посочи дека сакал денеска на граѓаните да им покаже дали имал стабилно мнозинство.
-Ред е да се соочиме и расчистиме, да го видиме на дело толку најавуваното мнозинство од опозицијата која наводно ќе ја падне оваа влада. Ова е моментот кога ќе покажеме пред граѓаните колку има вистина од опизицијата, да видиме за што станува збор-стабилна власт со стабилно мнозинство или разнишана опизиција. Мора да е едното од двете ако не и двете заедно, рече Заев пред пратениците.
Зошто Заев имаше потреба денеска да се правда? Напрвиот ден кога конечно пратениците собраа мнозинство за да седнат во собраниските клупи? И докажуваше на јавноста, му докажуваше на Мицкоски, си докажуваше сам на себе или испраќаше порака до мнозинството?!
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му посочи на премиерот дека ништо не го спасува од паѓање на Владата.
Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓани со мачнина го гледаат ова денешно препелкање на Заев во Собранието. Јас ќе речам, бидете спокојни. Најдоброто за нашата земја допрва доаѓа, посочува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според него Заев е мафијаш, тоа е дел од неговиот карактер.
Тоа што на мала врата на сила протуркува во Собрание гласање за недоверба на Владата, ограничувајќи ја јавната дебата никако не е израз на неговата сила, туку е доказ за неговата огромна слабост, но и недоверба во мнозинството кое многу лесно ќе го загуби. Тоа што ја користи состојбата на мојата изолација поради заразата со ковид вирусот, сакам да знаете дека не го спасува од паѓање на Владата. Вака ќе купи уште некој ден живот на Владата приклучена на апарати за дишење, но исто како и мојата ковид зараза тие денови ќе поминат. А тогаш повторно ќе се постави прашањето за доверба на Владата, при што сите негови актуелни закани, уценувања и притисоци врз пратеници ќе паднат во вода, и ден потоа Заев нема да биде премиер. Се гледаме наскоро“, порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.