Судијката Добрила Кацарска е предложена како кандидат од Судскиот совет за нов Уставен судија. Кацарска е позната во јавноста по бројни предмети во кои суди политички опоненти на СДСМ на големи затворски казни, во кои предмети правните експерти забележуваат огромни пропусти, насилничко водење на постапките, дискриминација на обвинетите, судење во неразумно време (пребрзо и со предолги маратонски рочишта).
Токму од предметот на Кацарска за 27-ми април „произлегоа“ 3 гласа за промена на името, а од предметот „Тенк“ и доделениот азил за екс-премиерот Груевски, со што и земја од Европската унија уважи дека Кацарска ги дискриминирала обвинетите односно водела политички прогон против нив.
Поради нејзиното однесување ВМРО-ДПМНЕ ја посочи како синоним за партизираното судство на СДСМ нарекувајќи го „Кацарска судство“, за што во бројни наврати партијата упатуваше јавни критики за овие состојби од кои произлегува политички прогон и судски „терор“ од судството кое Заев „го отвори како пупка“.
Неодамна се чини дека Кацарска ги фрли ракавиците комплетно и „се подзаборави“, па јавно го нападна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека преку критиката кон неа (што е легитимно право на политичар) тој упатувал порака дека ќе штити криминалци и дека го поддржува криминалот.
Наместо барем да се обиде да се однесува како објективен непристрасен судија, што е нејзина уставна должност, Кацарска се однесува како портпарол и функционер на СДСМ, повторувајќи ги „до запирка“ зборовите кои јавно ги кажуваат Заев, Костадинов и другите претставници на СДСМ.
Некој дури и со право би се посомневал дали она што го чита Кацарска, како критика до Мицкоски, можеби и не е напишано во штабот на СДСМ?
Но, за ваквото однесување во Македонија во време на СДСМ – нема осуда. Напротив, СДСМ решава да ја „награди“ Кацарска, номинирајќи ја преку „независниот“ Судски совет за Уставен судија.
СДСМ со овој гест како да сака да им се додвори на другите судии кои се под притисок да бидат послушни кон СДСМ, дека ако извршуваат партиски наредби – ќе бидат јавно пофалени за тоа.
Во ова видео се гледа идентичноста на тезите кои ги пласираат Заев, Костадинов и Кацарска. Она што е нормално за Заев и Костадинов, како политичари, ама никако не смее да биде нешто што јавно ќе го зборува еден судија. Но, она од што паметниот би се срамел е нешто со кое Кацарска сака да се пофали.
За потсетување, во случајот за 27-ми април половина пресуда Кацарска ја темели на 4 пати менуваниот исказ на обвинетиот Александар Василевски Нинџа, кој има историјат на лажни сведочења за лична помала казна. Кацарска тоа го знае, но не и пречи кога треба да се судат противниците на СДСМ.
Јавноста беше во шок и со нејзината изјава дека и било многу тешко што немала доволно докази да го осуди и Игор Дурловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.