Пописот ќе биде 5 до 30 септември, а локалните избори ќе бидат во втората половина на октомври. Ова е главниот договор на Зоран Заев и Христијан Мицкоски на денешната лидерска средба.

Ќе се прават и измени во Изборниот законик, ќе почне постапката во врска со набавката на скенерите за отпечатоци од прст.

Како што рече Мицкоски, биле отворени и прашањата за избор на градоначалник во еден круг, како и за гласање на дијаспората на парламентарни и на претседателски избори надвор од ДКП.

Се договоривме пописот да биде одложен. Наместо сега во април, како што е планиран, да се одложи за септември. Како можен период да биде од 5 до 30 септември, 25 дена. Апликацијата со која се евидентира дијаспората да остане активна до физичкото завршување на пописот, а локалните избори наместо во првата половина од октомври, да бидат одложена за втората половина од октомври, истакна Мицкоски по средбата со Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.