Инаку Асани, гинекологов што имал домашна ординација и што родилката ја оставил без матка, бубрег и јајник, и за кого Лекарската комора утврдила дека немало лекарска грешка, не бил обичен член на Лекарската комора, туку бил дел од политиките и стратегиите на Комората, коментира Ивор Мицковски.

Асани требало да е пример или после ваква катастрофа да послужи како пример.
Но, што да се очекува од претседателка на Лекарска Комора која игнорира одлуки на Антикорупциска.
Гледате драги демократски властодршци, една ваква одлука, ги руши сите ваши пресови за борба против корупција, за одговорност и отчетност, ги руши сите надежи за функционална држава, секоја доберба во системот и во власта.
Неправда е направена и нема кој да ја оправи.
Напротив, сите одговорни си работат на сопствено вадење, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.