Основното јавно обвинителтво Скопје будно ги следи случувањата и објавите во медиумите и презема дејствија за утврдување на фактите во доставениот поднесок, велат од ОЈО за Пресинг ТВ во врска со последните настани на Клиниката за гинекологија.
По директниот судир меѓу директорката Викторија Јовановска и економскиот директор Ваљон Беља, Беља беше разрешен од министерот Венко Филипче.
Претходно Беља во Обвинителството достави поднесок за, наводно, незаконското работење на Јовановска при јавните набавки. Според него, таа фаворизирала компанија која вршела лабораториски тестови.
Јовановска, пак, има своја верзија зошто дошло до конфликтот.
Tој од мене бараше на двајцата негови советници, кои се на платен список во Oпштина Чаир, а кај нас на Kлиниката се веќе шест месеци ангажирани со договор на дело, да им ги продолжам договорите, а во спротивно ќе пуштал „бомби“ – вели директорката Јовановска.
За какви „бомби“ станува збор сега ќе проверува Основното јавно обвинителство. Зашто, и тој сегмент влегува во целиот предмет. Обвинителството треба да утврди дали Беља „си земал за слобода“ да ги снима разговорите со директорката Јовановска, па лесно може да се случи „бомбите„ да му „експлодираат“ во рака!?
Извор: Пресинг ТВ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.