Начинот на живот, стресот и пушењето цигари се причини за високата смртност од ковид-19, вели лекарот Сашко Николов, градоначалник на Штип. Тој тврди дека 70 отсто од нашата популација пуши цигари.
Кај нас можеме да видиме дека 60 до 70 отсто од популацијата се консуматори на цигари, што не е карактеристично за високо развиените земји, вели тој во во емисијата Стадион на Канал 77.
Порталот Експрес укажува дека според истражувањето на тинк-тенк организацијата Аналитика и на Универзитетот во Чикаго, бројот на пушачи во Македонија е далеку помал од бројката што ја соопшти Николов. Стапката на учество на пушачите во вкупната популација е 48,4 отсто или половина од населението пуши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.