Во Општинската изборна комисија (ОИК) Штип сè уште пристигнуваат гласачките кутии од 77 избирачки одбори, во моментов се преброени гласовите од вкупно 40 избирачки места.

Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева за МИА вели дека на овие 40 избирачки места гласале 4.891 граѓанини, од кои 3.963 се за кандидатот за градоначалник на СДСМ, Сашко Николов, а останатите гласови се за другите четворица кандидати. Неважечки ливчиња се 368 од 40-те избирачки кутии.

Официјалните резултати од Општинската зиборна комсија се очекуваат за 40-тина минути, кога се очекува да се пребројат и гласовите од останатите 37 избирачки места.

Во 21 часот победа прогласи кандидатот за градоначалник на СДСМ, Сашко Николов на прес-конференција на која се обратија и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, генералниот секретар, Љупчо Николовски и поранешниот градоначалник и актуелен министер за транспорт и врски, Благој Бочварски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.