Штипската клиничка болница го објави огласот за прием на 17 здравствени работници и технички персонал. Огласот е објавен вчера и заинтересираните веќе можат да аплицираат.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека огласот е за вработување на медицински сестри, болничари, физиотерапевти и по еден специјалист неуропсихијатар, психолог и стоматолог.

Огласот го објавивме вчера. За болничарите рокот за пријавување е три работни денови, додека за останатите е пет работни денови. Согласноста од страна на министерствата ја добивме во текот на годината, но поради изборите во Штип, можевме да го распишиме оваа недела, вели Ѓеорѓијев.

Тој истакнува дека со новиот План и програма за работа на Клиничката болница и за наредната година се предвидени нови вработувања во овој регионален болнички центар. Очекува наредната недела до 31 декември да пристигне и одговорот од Фондот за здравство за буџетот на болницата за 2021 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.