Во Штип се забележува зголемен интерес за примање на прва доза вакцина против корона вирусот, откако се најавија рестриктивните мерки, но и почна да се зголемува бројот на новозаразени.

Дијана Коцева Миланова, одговорен лекар на вакциналниот пункт во Здравствен дом-Штип, вели дека дневно имаат и по 250 пациенти за примање на прва доза.

За разлика од минатите недели, веќе оваа имаме поголема бројка на пациенти, граѓани на различна возраст, кои доаѓаат и примаат прва доза. Во исто време тече и ревакцинацијата. Работиме од 7.30 до 19.30 часот – вели Коцева-Миланова.

Таа посочи дека не се создаваат гужви на вакционалниот пункт, а секој пациенти се задружува по 15 минути и засега нема потреба од отворање дополнителен пункт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.