Општинската изборна комисија од Штип ги подготвува решенијата за членовите на избирачките одбори.
Покрај избирачките одбори за ковид пациентите и за гласачите во изолација, се формираат и пет избирачки одбори за казнено-поправните установи со цел осудените лица да го остварат своето право на глас.
Наша задача е и петте затвори да бидат покриени со избирачки одбори, каде што ќе гласаат осудениците на 12 декември, еден ден пред првиот изборен круг – вели претседателката на Општинската изборна комисија, Сенка Андреева.
Како што информира Андреева, пријавувањето за остварување на правото на глас за болните и немоќни лица почнува од понеделник, а завршува на 5 декември, кога ќе имаат и дежурна екипа до полноќ.
Отворена е и апликацијата за оние кои сакаат да гласаат, а се во изолација или се позитивни на коронавирусот. Знаеме дека добиваат решенија од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Потребно е само да го скенираат тоа решение и да потполнат изјава и тоа го праќаат електронски – вели Андреева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.