Иван Јорданов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ вечерва гостуваше во емисија на „ТВ Стар“ каде што посочи дека незамисливо е во 21 век да се нема вода, и тоа во ек на пандемија. Граѓаните на Штип секој втор ден се соочуваат со немање на вода. Способноста на менаџерскиот тим на јавно претпријатие е во најбрз можен рок да ги отстрани дефектите, тоа што тие не се способни граѓаните страдаат за жал.

„Ни стана секојдневие да се соочуваме со немање најосновни, најелементарни услови за живот. Вие замислете во 21 век, во 2020 година да секој втор ден останувате без вода во една ваква пандемија. И зошто е тоа така? Затоа што изговорот на јавното претпријатие е дека настанувале дефекти. Па тие дефекти не почнуваат од сега. Тие дефекти ги имало и во минатото. Способноста на менаџерскиот тим на јавно претпријатие е во најбрз можен рок да ги отстрани дефектите, тоа што тие не се способни граѓаните страдаат за жал. Никогаш досега во Штип граѓаните не се соочувале со ваков проблем. И замислете никој за тоа не сноси одговорност“, истакна Јорданов.
Јорданов додаде тие како опозиција апелираат кога некој ќе се огреши мора да сноси под итно одговорност.

„Не може на дневна основа да имаме скандали и девијантни однесувања, а никој за тоа да не сноси одговорност. И затоа секој нов ден имаме нов скандал, со кој дополнително граѓаните се разочаруваат и дополнително ја губат довербата во институциите“, појасни Јорданов.
Јорданов рече дека секој ден граѓаните гледаат како власта си дели меѓу своите тендери. Тоа исто се случува и во Штип, фирмите на еден јавен функционер ги добива сите тендери во општината. Но ДКСК за жал на сето тоа молчи и не реагира.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.