Вистински раскол се случува во Општина Прилеп. Крсте Дукоски член на СДСМ и шофер на актуелниот градоначалник на Прилеп, лично на сопственикот Чупетрески му се закани со рушење со багер на неговата бензиска пумпа “БМ Петрол – Црна Река”, која се наоѓа кај автобуската станица.
Според достапните информации од општината, пред неколку дена во Прилеп почнаа да се собираат потписи занезависната листа на советници, чија парола е “Че вреди”, а високо на оваа листа се наоѓа и името на газдата набензиската Борче Чупетрески, кој изминативе 5 години според неговите објави бил сериозен подржувач и финансиер кампањите на владеачката СДСМ.
Но, откако решил да настапи како кандидат за советник на независна листа, заедно и со други прилепчаниразочарани од општинската власт, јавните притисоци врз Чупетрески стануваат се повидливи.
Чупетрески сепак не му одмолчи на шоферот на градоначалникот на Прилеп и во реплика му порачува “ајде Крстедојди руши ја, само побрзај дур сте на власт, оти после ќе биде касно”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.