Генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Шмид денеска изјави дека секогаш е важно да се спроведат препораките коишто се даваат пред и по изборите и очекува Македонија да ги спроведе сите препораки.
Во однос на борбата против корупцијата, таа, одговарајќи на прашање на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи, рече дека е одлично што Македонија учествува во регионалниот проект за мониторинг на судењата за борба против организираниот криминал и корупцијата затоа што овој мониторинг ќе даде индикации за таму каде треба да се зголемат капацитетите.
Уште еден проблем кој влијае врз сите е трговијата со луѓе, проблем којшто се влоши за време на КОВИД-кризата, тоа е поврзано со организираниот криминал и на ова прашање соработуваме со многу држави. Ова не е прашање кое може да го реши само една земја – рече Шмид.
Додаде дека борбата против корупцијата е прашање кое што влијае на сите и затоа е од приоритетна важност за ОБСЕ.
Работиме на ова прашање. Имаме програми за многу земји – рече Халга Шмид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.