Постапката за набавка на 40.000 компјутери за оние деца кои ги немаат ИТ-уреди за следење на онлајн настава би траела да трае до април месец, најави денеска премерот Зоран Заев на првиот ден од новата учебна година, во ОУ „Јан Амос Коменски“ .

Постапка за набавка за 40.000 компјутери би траела до април месец.Ќе направиме да може секое дете да се чувствува еднакво со другите – изјави Заев.

Премиерот и министерката за образование им посакаа среќен почеток на првачињата од Општина Карпош.

Сите учиме во целиот овој процес. Јас сум ваш партнер и порачувам да се соработуваме едни со други. Родители вие додека сте на работа можеби ќе има ситуација да се јават наставничките дека детето има покачена температура но и таквите ситуации заедно ќе ги надминуваме – рече Царовска.

Заев истакна дека со почитување на мерките и оваа учебна година ќе биде успешна.

Знаењето кое ќе го примате ќе ви помогне да станете лекари, градители, сликари, новинари, глумци и така натаму. Оваа школска година не е како минатите, сите мора да сме солидарни и да се придржуваме до мерките – изјави Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.