Утринската пошта ѝ ја превртела утробата на професроката Билјана Ванковска. Неочекувано длабок заглиб во жива кал. СДСМ не е подготвен да си замине, ами да се самоубие.
Не ми се веруваше кога ова го видов утрово во поштенското сандаче… Ова не е само црна, бедна и националистичка кампања против Данела, туку против сите оние кои се вистински Бугари или земале бугарски пасош од економски причини. Пораката е: не сте добредојдени, ние кажуваме кои се (вистински) Македонци и кои смеат да носат политички функции.
Живееме во 21 век кога децата што ни заминаа во меѓувреме станаа и Американци, Канаѓани, Холанѓани, Германци, итн. Ни се родија внучиња таму. Мој Дарио не е доволно Македонец за Заев?
Македонија отсекогаш била земја на печалбари, на економска миграција… Значи ли тоа дека тие наши иселеници се помалку достојни и помалку Македонци?!?!
А ова со ширење бугарофобија од оние кои виткаат кичма и се лигават пред секој кмет од соседството е шизофрена работа. Додека заради локален грабеж изигруваат бранители на македонштината, зад наш грб преговараат за Прличев, за коските на Гоце, за жртвата на партизаните…
МОРАМЕ да ги симнеме. Скопје нема да биде вмровски град ама нема ни да биде нивата од која е црпнат Заев и Заеви
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.