Шилегов уште повеќе се заплетка во аферата со дивоградбата на семејната зграда. Во паника од излегувањето на скандалот на 04.09, внимавајте во САБОТА, му била впишано право на сопственост на земјиштето, основен предуслов за било какви градежни активност, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Била ангажирана цела една институција и вработени во САБОТА да му го забошотуваат скандалот. Но дали само катастар или и други институции се ангажирани, дали бил вршен безочен фалсификат на документи во сабота или ноќе за да се покрие дивоградбата на Шилегов?

Ете затоа Шилегов со денови молчеше, бидејќи му требало време за да се фабрикуваат документи. Да беше Македонија правна држава ко што не е, да беше ослободено судство кое што не е уште од пред некој ден ќе имаше инспектори на терен, веќе следниот ден ќе имаше решение за уривање на дивоградба, а во исто време некој ќе му подготвуваше кривична пријава за нелегално градење и евентуална злоупотреба на службена должност. Замислете каква е одговорноста за тој кој наместо да го штити градот Скопје од урбаната мафија, самиот е урбана мафија и прешол од другата страна на законот. Граѓаните видоа дека додека Шилегов се богател, граѓаните осиромашувале.

Но Шилегов и треба да биде загрижен оти доаѓа друго време во кое ќе има одговорност, тврдат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.