Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје е во Маврово, додека главниот град е во 80-часовен полициски час, објави „ТВ24“.
Шилегов за „ТВ 24“ потврди дека е на својот имот во Маврово, кој го смета за свој дом.
Ви посакувам убав викенд и ве поздравувам од преубавото Беровско езеро“, вака стои во денешниот пост на Фејсбук на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Иако само пред неколку дена, тој исто на својот профил апелираше, граѓаните да ја сфатат сериозноста на КОВИД 19 и да останат дома, сепак замина на Беровско езеро да ги наполни батериите.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, информираше дека е во својот роден град Охрид, напоменувајќи дека нивната партија била против воведувањето на овој карантин.
Во Скопје има полициски час кој почна во четвртокот во 21 часот и ќе трае до понеделник до пет часот наутро, но оние кои апелираа до граѓаните да останат дома и да ги почитуваат препораките и мерките препорачани од самите нив – први го напуштија градот.
Масовното заминување на жителите на Скопје по другите градови, претежно во Охрид, Струга, Маврово, Дојран ги зовре социјалните мрежи, но министерот за здравство ја поддржа одлуката на граѓаните кои го напуштија главниот град.
Секако ќе имаше многу патувања од местото на живеење, ако се има предвид дека имаме продолжен викенд. Ние мора да научиме да живееме со вирусот, ама каде и да се оди мора да се почитуваат мерките за лична заштита – носење маска миење раце и одржување физичка дистанца, изјави Филепче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.