Лицемерен пречек на скопскиот аеродром – Петре Шилегов во дресот на Вардар осамен пред авионот со кој слетаа шампионите. Ниту тој сака да е таму, ниту пак некој го сака и очекува. Но, кога се собираат плодовите на успехот, сите сакаат да зграбат грст и да се запишат во победничката историја. затоа Петре облекол дрес од Вардар и застанал до авионот. Далеку од тоа дека му значат светите бои или пак ја разбира нивната суштина.

Власта, на која ѝ припаѓа Шилегов, не покажа слух за Вардар, за неговиот трнлив пат до Лигата на шампионите, но затоа е тука кога треба да се бројат успесите и да се книжат заслуги.

СДСМ го поврзува сопственикот на Вардар со ВМРО-ДПМНЕ, а Вардар како симбол на националното единство е трн во окото на оваа гарнитура, па оттука неразбирливо е присуството на Шилегов на пистата и тоа во дрес на Вардар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.