Претставникот на Централното раководство на СДСМ, Петре Шилегов во интервју за ТВ21 меѓу другото зборуваше и за премиер Албанец.

 

На прашањето дали СДСМ е против оваа идеја, Шилегов рече дека немаат проблем премиер да биде Албанец, но дека тоа не се прави со уцени, туку со договор.

 

-Тоа се за мене ирелеванти прашања, многу е битно да дојдеме како општество, во целиот тој циклус заеднички, а не да биде условување за воспоставување на политичка соработка. Јас очекувам дека е можно да има ретерирање од таков тип на условување, за заеднички да дојдеме  до определена цел- вели Шилегов



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.