Петре Шилегов без срам држи говор пред пожарникарите кои немаа возила за гаснење пожар, а плати дупло за противпожарна скала, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Шилегов наместо да ги награди пожарникарите заработува со криминал на нивен грб.

Шилегов не даде ниту денар за нови униформи, чизми, средства за работа и опрема, но затоа плати дупло за противпожарната скала.

Наместо јавен интерес, Шилегов работи за приватниот интерес.

Противпожарно возило со скала кое во Загреб чини 800.000 евра, Шилегов го плаќа 1.7 милион евра, дупло поскапо.

Тоа не е инвестиција, тоа е грабеж.

Со истите пари Шилегов ќе купеше и возило, и униформи, чизми и разна опрема. Но тогаш немаше да има изведувачи, подизведувачи и разни извршители како „Армор плус“ кои треба да се наплатат од милионскиот договор.

Шилегов е срам за Скопје, и за градските институции. Шилегов е срам за луѓето пред кои држеше говор. Тие се скопските херои, а тој скопскиот штетник, тврдат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.