Поранешниот министер за здравство Имер Селмани се очекува да биде заеднички кандидат за градоначалник на партиите од власта за Град Скопје.
Како што пишуват албанските медиуми во земјата, според извори од власта, изненадувањето кое што го најави лидерот на интегративците за во сабота, е токму објавувањето на кандидатурата на Имер Селмани за градоначалник на Град Скопје.
Доколку се земе во предвид политичкиот багаж на Селмани, тој е најприфатлив за сите партии од власта. Имено, како претседателски кандидат Селмани освои голем број на македонски гласови, и од таа причина овие партии се надеваат на победа.
Вчера исто така се во медиумите се појавија шпекулации дека зад изненадувањето на Ахмети стои можната кандидатура на Изет Меџити, кој што во изминатиов период имаше низа несогласувања околу работата на дел функционерите на ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.