Министерот за правда Бојан Маричиќ како да не е министер, а уште помалку за правда. Фалејќи го „херојскиот чин“ на Бисера, пратеничката заболена од Ковид 19 која денеска се појави на работа во скафандер за да гласа, Маричиќ заборава дека се додека не се променат законите и Деловникот, тие се важечки и секое постапување спротивно е нивно кршење.
Од друга страна, пак, свесно загорзување на здравјето на другите е кривично дело.
Но, тоа е Маричиќ, а ние овде за закони зборуваме.
Ова е неговата ода на глупостаа, лудоста и заразата:
Во сите цивилизирани парламенти во Европа и нашиот регион веќе се работи на онлајн седници во различни форми. Дури и Европскиот парламент со преку 800 пратеници е целосно дигитализиран со онлајн заседанија на комитетите, на пленумот и со онлајн гласање. Тоа го направија сите затоа што е насушна потреба и човечки пристап во услови на долготрајна пандемија која ги засега сите.
Само кај нас, собранискиот Деловник не може да се смени за овозможување на онлајн присуство на заразени пратеници заради деструктивната политичка стратегија на цела опозиција. Спречуваат промена на Деловникот и се радуваат на секој нов заразен пратеник од парламентарното мнозинство зашто тогаш настапуваат со нивната точка “играчки со кворумот”. Практично оние заради кои тешко функционира Собранието го обвинуваат мнозинството за нефункционалност.
Но, некои пратеници не заборавиле зошто се избрани. Бисера и многу други и во вакви тешки услови не забораваат дека се таму за да им служат на граѓаните и да носат одлуки во нивна полза и во тешко време. Пратениците на опозицијата пак мислат дека се таму за да блокираат, бојкотираат, трошат ресурси бесцелно само за лични и партиски цели (зашто само со блокади и бојкоти се чувствуваат важни немајќи да понудат никаква идеја и политика за граѓаните).
Затоа го поздравувам овој херојски чин на Бисера кој е спроведен согласно сите протоколи пропишани од надлежната Комисија за заразни болести и во највисок јавен интерес.
Ви пренесуваме и дел од коментарите на јавноста:
Во сите цивилизирани парламенти Законот е над Политичарот (Lex vs Rex). Додека не се смени, законот или деловникот, тој ВАЖИ! Основи на правото ли да те учиме, министре за правда, прашува професорката Билјана Ванковска.
Никаде во меркиве, правилава не е спомната идентификација на маскираниот пратеник. Кој го идентификува, каде. Кој потврдува дека тој е тој?!, коментира следбеник на министерот.
Oтишла на работа за доброто на граѓаните. Ваљда ние другите на работа идеме за лошото, гласи еден од коментарите.
Ко стасал министер за правда вакви правни небулози да пишува што да зборуваме повеќе. Сите до еден сте за на психијатриско лекување…, препорачува корисничка на Фејсбук.
Каков херојски чин?Ти си министер ЗА ПРАВДА и пишуваш вакви глупости…Во нормална држава ова анонимусов Бисера која ако не се случеше ова денес немаше да знеме дека е пратеник одамна ќе беше санкцјонирана….За ваков скандал паѓа влада а ти погледни што пишуваш…СРАМОТА.
Сте ги натерале (можеби и принудиле) наивниве послушници, не само да си ја влошуваат сопствента здравствена состојба, туку и да прекршуваат владини одлуки за сузбивање на Ковид-19 како и кривичен закон. И што е најстрашно да доведат во директна опасност од зараза цело едно собрание. Невидено! Ова во книги ќе се пишуе.
Кој бе херојски чин да шеташ болен меѓу здрави луѓе. Да не ризикувала таа нешто лично за себе, да не биле сите останати пратеници и администрација болни а таа здрава па ризикувала што влегла внатре. Како бе немате срам ова да го пишувате. Одете сите заедно и самораспуштете се!
Нормални ли сте?Здравствените работници се на крај сила,устите Пења фатија за да објаснуваме за опасноста,празниците ги поминуваме во карантин а вие се самопромовирате?Свесни ли сте дека само револт и контраефект донесувате!Скафандерите,шминките чувајтесиги,следите чувајтесиги за вас!Имајте малку обзир и образ,од нашите пари станувате Рокфелер и!!! Срамно за сите вас!
Го кршиш Уставот и законите, промовираш правна несигурност и нееднаквост на сите граѓани спрема Уставот и законите, охеабруваш вршење на кривично дело. Е ова е твојата поддршка за заразените пратеници. Се надевам дека идната народна влада и ослободено судство ќе го санкционираат овој излет на пратениците и нивните помагатели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.