Две девојки од Гевгелија од јули лани живеат во агонија и не смеат да излезат од дома, откако поранешно нивно момче со кого биле во подолги врски, споделувал нивни лични фотографии преку групата „ГевгелијаХаб“ на социјални мрежи и во приватни пораки, објавува „Сакам да кажам“. Тој е пријавен од нив за злоупотреба на лични податоци и производство и дистрибуција на детска порнографија.

И покрај тоа што жртвите веднаш го пријавиле сопственикот на тие фотографии и седум месеци трпеливо ги чуваат доказите против него, Гевгелиското обвинителство до денеска ги нема повикано да дадат исказ. Досега имаше обврска барем да го алармира Центарот за социјални работи, за да им обезбеди заштита.

Објавувачот на фотографиите се шета на слобода и им се смее на девојките в лице, нема никакви последици по него за тешкото нарушување на нивната приватност, кое предизвика сериозни последици врз нив. Девојките велат дека дури и припадници на локалната полиција си разменуваат фотографии од нив и од други жртви чии лични фотографии се злоупотребени и споделени на јавна група со назив „ГевгелијаХаб“. Таа е специјално направена за неовластено постирање на крадени фотографии на девојки и жени од Југоистокот, како и од нивни профили на социјалните мрежи.

Целата сторија на „Сакам да кажам



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.