Шест лица од одделението за гинекологија и акушерство од клиничката болница во Битола се во изолација заради контакт со потврден случај на една вработена, пренесува локалната телевизија „Тера“.

Директорката на клиниката Билјана Гагачовска информирала дека заболената е хоспитализирана на инфективното одделние.

Болницата во Битола функционира и како регионален центар за лекување на пациенти со ковид-19. Во инфективното одделение има околу 50 легла за позитивни и сомнителни случаи. Во моментов таму се хоспитализирани 31 пациент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.