Собранието ќе има шест нови пратеници по официјализирање на резултатите од локалните избори. Собраниската за градоначалничка фотелја ја менуваат 4 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и по еден на СДСМ и БЕСА.

Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ стана градоначалник на Охрид па сега на негово место нов пратеник ќе биде Зоран Коцевски. Интересна е смената на СДСМ. Мандатот на Касами во Тетово ќе ја чини БЕСА едно пратеничко столче помалку во Собранието бидејќи на негово место доаѓа пратеник од редовите на СДСМ, партија со која БЕСА беше во предизборна коалиција.

Во првиот круг градоначалници станаа и пратениците Тимчо Муцунски, Иван Јорданов и Дарко Костовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ како и Костадин Костадинов од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.