Во последните 24 часа во земјава како последица на ковид-19 починаа шест лица, а регистрирани се 156 нови случаи на заболени, соопшти Министерството за здравство.

Од починатите четворица пациенти се од Скопје и двајца од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се 2 лица од Скопје, пациентка на 70 години, хоспитализирана на 16 јуни и пациентка на 76 години, од 10 јуни на клиниката.

На Клиниката за нефрологија почината е пациентка од Скопје на 74 години и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ почината е пациентка од Скопје исто така на возраст од 74 години.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на 66 години, примена во болницата на 14 јуни. Во КБ Тетово почина пациент на возраст од 71 година, хоспитализиран на 16 јуни.

Новите случаи се откриени при спроведени 1.227 тестa.

Распоредено по градови и натаму најмногу нови случаи има во Скопје – 100, потоа во Тетово – 19, Кочани – 13, Велес и Штип по 6, Струга – 2 и по еден случај во: Свети Николе, Кратово, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Охрид, Битола, Прилеп, Куманово и Дебар.

Исто така, 27 пациенти се излекувани: Скопје и Тетово по 10, Штип-3, Неготино 2 и по еден во Велес и Битола.

Досега во земјава вкупно заболени од ковид-19 има 4 820, од нив починаа 222 лица, а излекувани се 1 865 лица. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2735. Или по градови:

• Скопје 2343, активни 1593
• Куманово 679, активни 230
• Дебар 63, активни 11
• Штип 260, активни 208
• Прилеп 230, активни 17
• Тетово 500, активни 304
• Струга 149, активни 70
• Велес 162, активни 34
• Битола 38, активни 9
• Охрид 91, активни 72
• Кавадарци 9, активни 4
• Гостивар 79, активни 53
• Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 10, активни 7
• Крива Паланка 10, активни 4
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 5, активни 2
• Кочани 59, активни 26
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 5, активни 3
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 5, активни 3
• Свети Николе 12, активни 10
• Кичево 5, активни 2
• Ресен 48, активни 47
• Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Во изминатите 24 часа, направени се 1 227 теста се преку: ИЈЗ –484, ЦЈЗ Скопје-39, Авицена –105, Биотек –152, Систина со PCR метода –104, МАНУ -151, Жан Митрев (Филип Втори) -180 и Судска медицина-12. Досега во земјата се направени вкупно 49.020 тестирање на ковид -19.

Во рамките на скринингот се направени 31 тестирања во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.