Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Македонија се регистрирани 225 нови случаи на Ковид-19, во 1.694 направени тестирања во:

Скопје-96, Куманово-8, Штип-7, Прилеп-8, Тетово-15, Струга-3, Велес-5, Битола-8, Охрид-2, Кавадарци-6, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-11, Крива Паланка-7, Радовиш-1, Кочани-17, Пехчево-1, Берово-10, Валандово-3, Виница-1, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-4.

Во болнички услови се починати шест лица, тројца пациенти од Скопје (63, 71 и 83г), по еден од Прилеп (78г), Тетово (63г) и Битола (59г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18363, бројката на оздравени пациенти е 15164, на починати е 749, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2450. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 7195, активни 834

• Куманово 1785, активни 182

• Дебар 287, активни 32

• Штип 1269, активни 56

• Прилеп 697, активни 126

• Тетово 1470, активни 150

• Струга 676, активни 45

• Велес 335, активни 36

• Битола 322, активни 71

• Охрид 432, активни 35

• Кавадарци 247, активни 47

• Гостивар 938, активни 83

• Гевгелија 130, активни 42 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 272, активни 167

• Крива Паланка 120, активни 34

• Радовиш 90, активни 26

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 392, активни 172

• Пробиштип 116, активни 20

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 7

• Пехчево 45, активни 4

• Берово 114, активни 39

• Валандово 39, активни 26

• Виница 117, активни 28

• Делчево 165, активни 82 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 26, активни 2

• Свети Николе 359, активни 46

• Кичево 332, активни 36

• Ресен 164, активни 11

• Неготино 55, активни 8 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.694 теста се преку: ИЈЗ-552, ЦЈЗ Скопје-63, Авицена-333,  Биотек-138, МАНУ -113, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Систина со PCR метода -156, лабораторија Лаор –40, Судска медицина-15, ЦЈЗ Битола-74 Инфективна клиника-4, ГАК-14, Синлаб-27, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 191.821 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  2 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца  и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 59

• Гази Баба – 100

• Аеродром – 141

• Карпош – 111

• Центар – 127

• Кисела Вода – 95

• Ѓорче Петров – 59

• Бутел – 29

• Шуто Оризари – 18

• Студеничани – 8

• Сарај – 14

• Арачиново – 6

• Илинден – 33

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 6

• Петровец – 5

• Зелениково – 3

• Странец – 12

• Нераспределен-5



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.