Нови шест кавадарчани се потврдени како позитивни на вирусот Ковид-19 во изминатите 24 часа.

Како што вели за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, двајца од новозаболените претходно имале контакт со лице позитивно на Ковид-19, а другите не знаат од каде се заразиле.

Заразените се на возраст од 21 до 58 години, а меѓу нив има и две припаднички на понежниот пол.

Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.