Шест милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија ќе издвои Владата на Република Македонија.

Ова беше одлучено вечерва на седница на Владата, а како дополнување на помошта за Албанија, кон оваа земја веќе се упатени и тимови за спасување составени од 30 стручни лица кои ќе учествуваат во акциите за спасување и прва помош за граѓаните во настраданите подрачја.

Во оваа првична помош е вклучен и посебен тим со механизација која ќе се ангажира во координираните акции за спасување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.