Согласно последните бројки, во градинките ширум земјава има девет позитивнивни вработени и шест деца што, според министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, значи дека состојбата е стабилна.
Според Шахпаска не е потребен скрининг со брзи тестови за Ковид-19 во детските градинки.
Таа посочи дека е значајно оти 76 проценти од сите вработени во градинките се вакцинирани, воспитувачите и негувателите се вакцинирани во многу повисок процент некаде до 78, 80 проценти, како и останатиот помошно технички персонал.
Од друга страна, од следната недела околу 8200 ученици од основните и средните училишта ќе бидат тестирани за присуство на Ковид-19 со земање брис. Тестирањето ќе се одвива по случаен избор од регистарот на Е-дневникот и ќе биде со согласност на нивните родители.
Скринигот е планиран да трае пет дена, а дневно треба да бидат тестирани по околу 1600 деца, во самите училишта од мобилни екипи. Тестирањето во средните и основните училишта се организира се со цел да се добие податок за евентуална тансмисија на вирусот во училиштата.
Според податоците на Министерството за образование и наука, околу 75 отсто наставници во училиштата се вакцинирани, а настава на далечина следат околу два процента од учениците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.