Поради објавените фотографии на Стево Пендаровски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски најави проверка на Твитер налог. Министерот потврди дека Пендаровски вчера до МВР поднесол пријава која сега се проверува од одделот за компјутерски криминал, а истрагата на МВР се темели на наводно неовластено објавување на две фотографии.

Истрагата на МВР во овој правец се смета за притисок врз јавноста и Твитерџиите да запрат со објавување информации и фотографии кои се штетни за Пендаровски.

Новинарот Фуркан Салиу по изјавата на Спасовски со порака “Twitter nation beware” апелира дека Твитер заедницата треба да биде подготвена.

Twitter nation, beware!!! 😊 pic.twitter.com/QW8PSnbFCj

— Furkan Saliu (@FurkanSaliu) March 9, 2019

Според експерти за медиуми и социјални мрежи поради јавната функција на Пендаровски и информациите дека наместо пријавеното Југо тој вози друго поскапо возило секој граѓанин има право да објави фотографија на која се гледа носител на јавна функција на јавно место. Во вакви ситуации јавниот интерес е тој што треба да пресуди за Твитерџиите, а во случајов јавниот интерес е граѓаните и гласачите да знаат какво возило пријавил Пендаровски во анкетниот лист, а какво навистина вози и притоа не е пријавено во антикорупциската комисија, велат експертите кои инсистираат на анонимност. Ако МВР нема друга позадина во случајот и навистина гони Твитерџии кои објавиле информација од јавен интерес случајот сугурно ќе заврши во Стразбур со пораз на МВР и државата, уверени се експертите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.