Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска која со својот словенечки колега Матеј Тонин беа во работна посета на Општина Берово, изјави дека пожарите што се случија во Беровско и големата поддршка која граѓаните на Малешевијата ја добија од Словенија потврдиле дека поддршката од пријателите мора да се зајакне на повисоко ниво преку креирање политики за дополнителна соработка во насока на справување со пожарите.
Токму поради Берово се договоривме дека во рамки на нашата стратешка одбранбена определба ќе биде зајакнувањето на политиките за соработка против пожарите во рамки на политиките за заштита и спасување. Словенија има големо искуство, тоа се виде и во Берово и сакаме да го искористиме и едното и другото. Министерот беше дополнително пријателски настроен да понуди шанса за нашите пожарникари да заминат на обука за Словенија и да обезбедат опрема која ќе биде донирана на нашите противпожарни одделенија, но и да зборуваме за како да го реформираме целиот систем за кој планираме да процесираме заедничка програма – изјави Шеќеринска.
Според неа, Берово ги зближило пожарникарите, општините и државите и за неа е од особено значење дека заедничката врска помеѓу двете држави ќе се памети секогаш и дека истата ќе биде зајакната.
Словенечкиот заменик премиер и министер за одбрана, Тонин, истакна дека било задоволство да се помогне на пријателите кога најмногу имало потреба за тоа.
Веднаш се одзвавме на повикот со праќање на противпожарни екипи, опрема, игорди сме што бевме дел од успешната акција за победа над пожарите за да се спаси она што беше неопходно да се спаси. Да не испадне дека се шегувам, но Берово е најпознатиот македонски град во Словенија, бидејки луѓето со внимание ги следеа вестите од овде за време на пожарите. Берово цело време беше присутно во медиумите, така што нашите срца беа целосно со вас во тоа време и на крајот на краиштата радосни сме што немаше човечки и материјални штети – изјави Тонин.
Тој посочи дека Словенија како дел од заедничките разговори со Министерството за одбрана ќе продолжи со поддршката во делот на противпожарната заштита особено преку донации како поддршка за пожарникарите и воедно изрази благодарност до граѓаните што Словенија е во нивните срца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.