За Преспа знаевме само ние дома. Денес за Преспа знае целиот свет. Светот и соседите свртија нов лист, решивме децениски проблем и ги отворивме вратите кон ЕУ и НАТО. Го загарантиравме македонскиот јазик и идентитет, признаени од целиот свет и сега тоа не може да ни го одземе никој – истакна заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска пред огромниот број присутни граѓани и граѓанки на Ресен.

Покажавме што значи државничко однесување, работевме за сегашноста, но и за иднината на нашите деца, одиме кон ЕУ и НАТО, на прав пат сме, заклучи Шекеринска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.