Војникот позитивен на ковид-19, кој бил на мисија во Централноафриканската Република, вечерва ќе биде пренесен во Скопје. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска рече дека тој е во добра состојба , но бидејќи немало соодветни услови за лекување ќе пристигне со медицинска евакуација.

„Еден од нашите припадници на Армијата, потполковник, кој учествува во европската мисија во Централноафриканската Република, мината недела беше тестиран за позитивен на коронавирусот и, бидејќи состојбата не беше доживеана како целосно под контрола од страна на медицинските експерти, по нивна препорака, тој ќе биде со медицинска евакуација донесен во Скопје, изјави Шекеринска.

Медицинската евакуација ќе се спроведе во соработка со европските служби за надворешни односи, изјави Шекеринска и додаде дека веќе е контактирано и семејството на војникот.

Потполковникот е сомнителен на јужноафриканскиот сој на корона вирусот, кој во земјава досега не е забележан, но искуствата од останатите земји покажуваат дека се шири побрзо и полесно од другите соеви. Здравствените власти смируваат дека нема простор за паника.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.