Носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во Петтата изборнаа единица и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска во Дебар се сретна со граѓани, но и со поголем број сопственици на деловни објекти, по што одржа и трибина пред седиштето на огранокот на СДСМ.

Таа истакна дека во периодот на најтешката пандемија покажале дека знаат да обезбедат силна здравствена заштита, но и 550 милиони евра само во трите сета економски мерки без да дозволат да запрат и да заклучат многу фирми.

Во изјвата за медиумите таа нагласи дека цел на новата влада предводена од СДСМ ќе биде фокусирање во нова развојна економија, која ќе создава повеќе подобро платени работни места.

– Како што упеавме да ја покачиме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, немаме дилеми дека сега можеме уште повеќе и уште подобро и на крајот на нашиот мандат таа ќе изнесува 20.000 денари. Заедно со минималната ќе расте и просечната плата и нашата цел е на крајот на мандатот таа да изнесува 34.000 денари. За да го постигнеме ова ќе ја зголемиме финансиската помош која ќе ја насочиме кон нашите компании. Тие ќе може да сметаа на 600 милиони подршка, од кои 300 ќе влегуваат од државниот буџет а 300 од европските фондови, рече Шекеринска.

Таа посочи дека 2,2 милијарди евра ќе бидат насочени во јавни инвестиции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.