Луѓето кои создаваат, а не решаваат проблеми нема зошто да ја бараат поддршката од битолчани, порача вечерва Радмила Шекеринска, поранешна заменик претседателка на СДСМ и актуелна министерка за одбрана во Владата на Република  Македонија на средба со граѓаните од населбата Стрелиште во Битола. ВМРО – ДПМНЕ во Собранието кочи закони, а во Битола не учествуваше во решавањето на редица проблеми на битолчани, рече таа и ги повика граѓаните довербата да ја дадат на тимот предводен од Христо Кондовски кој ќе продолжи да решава проблеми во интерес на граѓаните.

Истото што го прават на ниво на држава, го прават и во Битола. И поправете ме ако грешам, ама тие се трудеа на секој начин да го спречат решавањето на одредени проблеми во советот, каде што токму денеска е човекот кој ја бара вашата доверба од ВМРО – ДПМНЕ да биде градоначалник. Таа група беше таа која што се спротивстави да се решава проблемот на ракометот во Битола, таа се трудеше да ги блокира решенијата на многу локални теми. И повторно дилемата : Дали уште еднаш ќе им ја испратиме истата порака од Битола? А, тоа е дека луѓето кои создаваат, а не решаваат проблеми, немаат зошто да ја бараат поддршката на битолчани”, рече Шекеринска.

Кандидатот за градоначалник, Христо Кондовски, се осврна на дел од проектите содржани во изборната програма и вети целосна реализација на ветувањата за граѓаните.

“Изминатите пет-шеснаесет дена промовираме секој ден по еден проект, проекти реаленo издржанi, обработен децидно. Се зафаќаат за нашите проекти, но нема проблем. Ако сакаат ќе им ги објасниме, а и ќе им покажеме како може да се сработат тие проекти. Нашата програма има десет капитални проекти од тие 22. Нашата програма има стотици месни проекти, за целото население во Битола. Нашата програма ги опфаќа и руралните средини, околните населби и села. Нашата програма е победничка и потенцирам ќе има стопроцентна реализација. Ве охрабрувам деталите од оваа програма да ги пренесете на секој еден сограѓанин, па дури и опортунент бидејќи и тие веруваат во нашата програма и ќе гласаат за нас”, рече Кондовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.