Денес граѓаните на Македонија ќе им се придружат на над милијарда луѓе кои стојат заедно за светскиот мир и просперитет и нема зборови за да го искажеме нашето чувство за достигнување и радост, истакнува министерката за одбрана Радмила Шекеринска во нејзиното обраќање, кое беше прочитано на кревањето на државното знаме на Република  Македонија во командата на НАТО за трансформации во Норфолк во САД.

– Ова историско достигнување е резултат на тешки одлуки и години посветеност и реформи кои би биле невозможни без целосната поддршка од нашите граѓани. Ви благодарам на сите вас кои ја поддржавте Македонија во овој процес и не дозволивте да ја изгубиме вербата до конечниот исход, истакна Шекеринска во поздравното обраќање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.