Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил изрази сочувство до семејството на Жан Кофол, словенечкиот пожарникар кој беше меѓу најмладите доброволци кои пристигнаа од Словенија и со денови учествуваше во гаснењето на пожарите во околината на Берово и Пехчево.

Длабоко сочувство до семејството и до пријателска Словенија. Жителите на Берово и Пехчево, но и цела држава ќе ја памтат пожртвуваноста на Жан – стои во објавата на Шекеринска.

Кофол загинал во сообраќајна несреќа во Нова Горица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.