Покрај очекуваните количии преку механизмот Ковакс, државните институции преговараат и со Фајзер и со кинескиот производител за да се обезбедат повеќе вакцини во што е можно покус временски период. Ова вечерва го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во емисијата Топ тема на Телевизија Телма, каде истакна дека и Фајзер и кинеската вакцина веќе ги поминаа фазите и на тестирање, на потврдување на резултатот и очигледно е дека и кинеската вакцина прилично брзо ќе ја добие потврдата или ќе го заврши тој процес на регистрирање и од страна на европското регулаторно тело.
Таа рече дека кога се видело дека производството нема да ги задоволи потребните количини вакцини, владата почнала да преговора и со други производители.
– Ние ги привршивме преговорите со Фајзер, ги очекуваме и првите колични преку Ковакс, а преговараме и со кинескиот производител. Руската вакцина започна со примена без да ги има поминато сите фази на проверка, но денес веќе има позитивни оценки и за неа. Ние нашата геополитичка ориентација сме ја покажале на дело повеќе пати, имаме релација со европски и американски регулатори и најлесно беше за тие вакцини да преговараме, но сега мораме да гледаме пошироко, изјави Шекеринска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.