Министерката за одбрана Радмила Шекеринска им укажа најголема чест на гостите од Грција, избирајќи модна комбинација во боите на знамето на Република Грција.

(фото: Влада на РМ)

Алексис Ципрас е првиот висок гостин кој не е пречекан со државни почести пред Владата. Протоколот при посета на државници во земјава предвидува високите гости, освен со интонирање на државните химни да се пречекуваат и со воени почести. За Ципрас немаше ниту химна, ниту кревање на државните знамиња, ниту воен оркестар и почесна гарда. Остана само црвениот тепих. Пред платото на Владата утрово не беше поставена бина за премиерите, ниту пак се постави оркестарот.

Македонската и грчката химна не беа интонирани, а Владата се оправдува со недостиг од време се случи на пречекот на грчкиот премиер, кој доцнеше петнаесетина минути.

Реакациите за овој скандалозен пречек на висок гостин во земјава не стивнуваат – граѓаните потсетуваат дека „Денес над Македонија се раѓа“ не може туку-така да се избрише, настрана што не е предвидено нејзино менување според Преспанскиот договор.

Владата овој скандал го правда со доцнењето на авионот на Ципрас поради што наводно биле изоставени сите протоколи. Но,



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.