Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која во Брисел се сретна со генералниот секретар на Европската служба за надворешно дејствување, Стефано Санино, изјави дека Македонија испорачала резултати, а тоа го потврдил и Извештајот на Европската Комисија, која ги пофалила резултатите во реформите, транспарентноста, борбата со корупција, институционалниот развој.
Таа додава дека тие резултати се обезбедени со многу работа и посветеност.
Како што информира Министерството за одбрана, Шекеринска порачала дека процесот на пристапување не може и не смее да се одолговлекува бесконечно. Како што се наведува, тоа е единствениот начин да се врати довербата на граѓаните во европските процеси.
Генералниот секретар Санино порачал дека Европската служба за надворешно дејствување целосно и недвосмислено ја поддржува европската перспектива на Македонија и на регионот и дека очекува пристапните преговори да почнат што е можно поскоро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.