Радмила Шекеринска коментира дека смета оти претседателот на СДСМ и премиер погреши што го врза својот мандат со резултатот од локалните избори.

Сега фокусот мора да биде на стабилно парламентарно мнозинство, да не се даде шанса на Бугарија да искористи каква било слабост кај нас за да рече – не може да се најде решение. Нашето мнозинство во парламентот не е мнозинство за еден ден – тоа треба биде мнозинство што ќе испорача резултати во европските интеграции исто како што испорачавме резултат со НАТО. Треба да се обидеме да успееме, а не да чекаме отстрана и да се надеваме нешто да тргне наопаку. Мислам дека не треба да им влегуваме во лошиот и од минатиот четврток – лузерски филм – коментира Шекеринска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.