Пораките коишто доаѓаат однадвор покажуваат дека од Македонија и од Бугарија се очекува да стават точка на недовербата и непријателството и да инвестираат во политика која нема да биде фокусирана на минатото, туку политика којашто ќе обезбеди европски вредности сега и денес, изјави во неделата, министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Одговарајќи на новинарско прашање што работат работните групи на Македонија и Бугарија предводени од министрите за надворешни работи на двете земји и што содржи евентуалниот патоказ кон Договорот за добрососедство, кој се споменува, Шекеринска рече дека на тоа „одговор можат да кажат одговорните“.
„Тоа не е задача на целата Влада и не би сакала во еден чувствителен момент, за чувствително прашање, кој било од нас да импровизира“, рече министерката.
Додаде дека она што е јасно, се пораките кои пристигнуваат од сите главни градови.
„Она што е јасно денеска е дека пораките коишто доаѓаат од сите главни градови, од сите држави коишто му посакуваат добро на Балканот, Германија и САД. Денеска со писмото на поранешниот наш амбасадор, а високо позициониран во Стејт департментот, Филип Рикер е дека од нас и од Бугарија се очекува да се стават точка на недовербата и непријателството и да инвестираат во политика која нема да биде фокусирана на минатото туку политика којашто ќе обезбеди европски вредности сега и денес. Не само во Европската унија, туку и на Балканот којшто сака да стане нејзин член“, нагласи Шекеринска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.