аменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска заедно со замениците министри за образование и наука Елизабета Наумовска и за локална самоуправа Дејан Павлески извршија увид во изградбата на спортската сала во училиштето „Али Фетхи Окјар” во село Дебреште, Општина Долнени.
Спортската сала ќе се простира на 650 метри квадратни и ќе биде комплетно опремена со спортска опрема и реквизити за мали спортови како кошарка, одбојка, ракомет, мал фудбал и други.
Убедена сум дека кога ќе дојдеме овде после септември, ќе можеме и со учениците и со наставниците и со граѓаните на Општината Долнени да го прославиме целосното заокружување на овој проект. После 40 години зборување сега можеме да видиме со свои очи дека салата е тука и можеме да сметаме на тоа дека нашите млади нема да требаат да патуваат во Прилеп, за било каква спортска активност, туку ќе можат да спортуваат, да учат, да се образуваат блиску до својот дом и блиску до своето училиште, рекла Шекеринска, соопштија од МО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.