Радмила Шекеринска, од партиската трибина на СДСМ во Ресен, изјави дека во најтешките моменти за Преспа и Ресен луѓето знаеле дека одлуките што се носат на избори не се само одлуки од кампања од 20 дена, туку дека тоа се одлуки што носат во наредните четири години.

Таа додаде дека коалицијата предводена од СДСМ покажува дека е најбогатата коалиција, со луѓе со различни искуства и од различни партии, обединети да го понудат најдоброто што го имаат.

Преспа и Ресен тргнаа со многу проблеми, целиот регион беше комплетно занемарен, заборавен, а сега Преспа е најевропскиот регион во нашата држава. Нема европски претставник што не бил тука, а не рекол дека се чувствува духот на заедништво. Фондовите на ЕУ што локалната самоуправа ги користи се пари, шанса за решавање проблеми, но исто така фондовите се тука заслужени затоа што жителите на Ресен ги живеат европските вредности – изјави Шекеринска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.