Носителката на листа во изборната единица 5 Радмила Шекеринска денес при средба со граѓаните во Кичево ја коментираше и моменталната ситуација во правосудството и наследените позиции од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Почнуваме со детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители а ќе направиме и темелна ревизија на 5 проценти на сите судски постапки во изминативе години по случаен избор. Судиите кои застаруваат постапки за да ја попречат правдата, мора да бидат разрешени! – изјави Шекеринска.
Таа во Кичево го презентираше планот за елиминирање на злоупотребата на патни трошоци кои во минатото се случуваа од страна на пратениците.
Сметаме дека граѓаните мора да имаат поголема доверба во своето собрание и во своите пратеници. Направивме модел во кој сите пратеници надвор од главниот град ќе се обезбеди сместување и ќе се скратат сите трошоци кои се злоупотребуваа и ја урнисуваа довербата во собранието. Ниту еден пратеник нема да може да се богати на сметка на платните трошоци и ниту еден нема да може да ги злоупотреби парите на граѓаните. СДСМ нуди грижа за граѓаните, ДПМНЕ нуди погазување на достоинството на граѓаните. Ние нудиме професионални институции, а ДПМНЕ иста стара партизирана администрација и обнова на стравот и изолацијата. На 15 јули граѓаните ќе изберат праведна држава а не режим и страв!- рече Шекеринска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.